Furkan Naci Top
15 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
АТИНА (AA) - Јавниот превоз целосно запре во грчкиот главен град, Атина, поради штрајкот на вработените во метрото, трамвајот, во автобускиот и тролејбуски превоз, јавува Anadolu Agency (AA).
Дваесет и четиричасовниот штрајк на работниците кои протестираат против новите мерки за штедење, побарани од страна на доверителите, за кои ќе се гласа во парламентот денес доведе до застој на сообраќајот во главниот град.
Исто така, тричасовниот штрајк од контролорите на летање доведе до одложување и откажување на бројни летови.
Заедно со работниците во транспортниот сектор, со прекин на работата ќе се вклучат и судиите, наставниците, лекарите и некои јавни службеници.
Од друга страна, по покана на Федерацијата на државни службеници на Грција (ADEDY), Генералната конфедерација на синдикати (GSEE) и Сојузот на борбените работници (PAME), во текот на денот се планираат многу демонстрации во градот.
Предлог-законот со кој се воведуваат нови мерки за штедење, ќе се гласа во парламентот денес.
По донесувањето на прописите, на состанокот на Еврогрупата следната недела се очекува да се даде согласност за новиот кредит во рамките на програмата за спасување на Грција.