Esin Işık
10 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим изјави дека Турција не отишла во Африн за да војува, туку да ги спаси своите браќа Арапи, Курди и Туркмени од насилството на тамошните терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние не отидовме во регионот на Африн за да војуваме. Зашто отидовме таму? Отидовме своите браќа Арапи, Курди и Туркмени да ги спасиме од насилството на тамошните терористи кои го ограбуваат нивниот имот и присилно ги мобилизираат нивните деца, стремијќи се од нив да создадат терористи. Отидовме таму за да го спречиме ова насилство кое го спроведуваат терористите", изјави Јилдирим.