Zeynep Beyza Kılıç
05 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Шведскиот производител на автомобили „Volvo“ (Волво) денес објави дека од 2019 година ќе произведува автомобили што имаат електромоторен погон, ставајќи ја електрификацијата во фокусот на своето идно работење, јавува Anadolu Agency (AA).
„'Volvo' ќе воведе портфолио од електрични автомобили, кое опфаќа целосно електрични автомобили, приклучни хибридни автомобили и полухибридни автомобили“, соопштија денес од компанијата.
Компанијата исто така ќе лансира пет целосно електрични автомобили во периодот од 2019 до 2021 година, од кои три ќе бидат модели на „Volvo“, а два ќе бидат електрични автомобили со високи перформанси од „Polestar“, огранок на „Volvo Cars“.
„Ова го одбележува крајот на автомобилите со мотор со внатрешно согорување“, изјави Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор на компанијата.
„Volvo“ планира да продаде вкупно 1 милион електрични автомобили до 2025 година.