Corey Blackman
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
ТРЕНТОН (АА) - Двајца канадски и еден американски истражувач ја освоија највисоката награда во светот во сферата на компјутерските науки, за унапредување на вештачката интелигенција (AI)“, соопшти Асоцијацијата за компјутерска машинерија (ACM), пренесува Anadolu Agency (AA).
Јошуа Бенжио, директор на Институтот за вештачка интелигенција во Квебек; Џефри Хинтон, потпретседател и инженер во Гугл, и Американецот Јан ЛеКун, професор на Универзитетот „Њујорк“ и главен научник за вештачка интелигенција во Фејсбук, ќе ја делат наградата од 1 милион американски долари.
Триото ја искористи Тјуринговата награда, именувана по британскиот компјутерски научник Алан Тјуринг, за креирање вештачки човечки мозок во компјутерите преку нервни импулси наречени неврони. Тоа им овозможува на компјутерите да учат како луѓето.
Тоа го подобрува и таканареченото „темелно учење“, како и вештачката интелигенција, која има моќ на постојано зголемување на можностите на интернетот и паметните телефони, вклучувајќи го и фацијалното препознавање и препознавањето на гласот и нивно меморирање.
„Вештачката интелигенција во моментов е една од најбрзорастечките области во сите науки, и една од најпопуларните теми во општеството“, истакна Чери М. Пенкејк, претседателот на Асоцијацијата за компјутерска машинерија (ACM), на прогласувањето на наградите. „Растот на интересот за вештачката интелигенција се должи на неодамнешниот напредок во темелното учење за кое Бенжио, Хинтон и ЛеКун ги поставија темелите.“
Бенжио беше изненаден кога беше соопштено дека е еден од тројцата научници кои ќе ја добијат наградата.
„Мислам дека сè уште сум понесен од енергијата од таа вест“, рече тој. „Се разбира, тоа е одлично за мене, но одлично е и за Канада, одлично е и за областа на истражување која го добива ова признание.“
Тјуринговата награда се смета за Нобелова награда во полето на компјутерските науки.
Тјуринг беше математичар кој го проби нацистичкиот воен код за време на Втората светска војна, во голема мера помагајќи им на разузнавачите од страната на сојузниците.