Furkan Abdula
28 Август 2023•Ажурирај: 30 Август 2023
СКОПЈЕ (АА) - Арктикот, област што е најмногу погодена од глобалните климатски промени во светот поради географската положба, поморските активности, трговските патишта, прекумерниот риболов, рударството, истражувањето за нафта и гас, загадувачите, пластиката во океанските води, продолжува да се топи.
Под покровителство на турското Претседателство и турското Министерство за индустрија и технологија, во координација со Институтот за научнотехнолошки истражувања на Туркије (TUBITAK) - Институтот за поларни истражувања (МАМ), 11 научници ја спроведоа третата Национална арктичка научноистражувачка експедиција, во рамките на командата на турските Поморски сили, турскиот Генерален директорат за метеорологија, Агенција Анадолу, истражувачки институти, универзитети и билатерална соработка.
Регионот на Арктикот и понатаму е еден од најтешко погодените од глобалните климатски промени, што е причината за негово брзо затоплување и топење.
Предвидувањата укажуваат на тоа дека поларните мечки, категоризирани како „ранливи“ на листата на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) и признати како најголеми копнени месојади во светот, ќе се соочат со загуба на живеалиштата и со закана од исчезнување доколку продолжи топењето на Арктикот.