Barry Eitel
18 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - НАСА денес објави дека „ Јуно”, вселенско летало со големина колку едно кошаркарско поле, на 4-ти јули ќе навлезе 4,667 километри (2,900 милји) во гасовитите облаци кои го обвиваат Јупитер, јавува Anadolu Agency (AA).
Кога ќе стигне до Јупитер, „ Јуно” ќе навлезе во токсичните облаци и ќе собере важни податоци за хемискиот состав, потеклото и структурата на планетата.
НАСА објави дека вселенското летало се наоѓа на 13,8 милиони километри (8,6 милиони милји) од Јупитер, кој е категоризиран како „ гасовит гигант ” од страна на астрономите и е познат како најголемата планета во соларниот систем.
Иако луѓето биле свесни за Јупитер со милениуми, масивната област е сеуште многу мистериозна. Јупитер се наоѓа веднаш до Марс, но многу подалеку отколку сонцето од Земјата.
„ Јуно” ќе се приближи до Јупитер како ниедно вселенско летало претходно. НАСА за прв пат го посети Јупитер во 1970 година кога официјалните лица на НАСА го фрлија нејзиното вселенско летало Галилео на површината на Јупитер, кое орбитираше околу планетата од 1995 до 2003 година. „Јуно” всушност ќе дојде многу поблиску од „ Галилео” каде што ќе се движи 37 пати околу земјата во наредните 20 месеци.
Најпрвин, тимот кој го контролира „Јуно” ќе треба безбедно да го вметне вселенското летало во орбитата околу Јупитер, стравична задача која ќе трае 35 минути. Иако вметнувањето на „ Јуно” помине успешно, ќе треба да се справи со виорите на штетните облаци кои виорат низ атмосферата на Јупитер.