Amina Zorniç
14 Декември 2015•Ажурирај: 15 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - По консултација со лекар, кога е во прашање настинка или друга болест, луѓето одговорите на своите прашања кои ги поставуваат најчесто ги наоѓаат на најголемиот интернет пребарувач Гугл.
Од компанијата објавија кои девет прашања се најчесто пребарувани во 2015 година, во врска со здравјето, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што пренесува американската телевизиска мрежа ABC News, најчесто се пребаруваат прашањата: „Дали бронхитот е заразен? потоа „Дали пневмонијата е заразна?",„Колку вода треба да се пие",„Колку калории треба да внесам?", „Што е лупус"? „Кога имам овулација?", „Што е глутен?" и „Колку долго трае грипот?".
Еден од уредниците на вести на Гугл, Симон Роџерс, изјави дека истрагата го опфатќа периодот од јануари до ноември 2015 година.