Merve Özlem Çakır
29 Септември 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Според податоците што ги објави „Growth from Knowledge“ (GfK - Компанија за истражување на потрошувачката), новинар на Аnadolu Аgency (AA) спроведе анализа за очекуваната потрошувачка на технолошкиот пазар. Според податоците на компанијата, оваа година се очекува да бидат потрошени 1 билион евра на технолошки производи, од кои 43% би биле трошоци за купување на смарт телефони со повисоки перформанси.
Од аспект на анализирање на продажбата за периодот јануари - јуни, се дошло до податокот дека купувачите потрошиле 210 милијарди евра за смарт телефони, при што е забележано дека во овој сектор, при купувањето на новите смарт телефони, особено внимание ѝ се обрнувало на пософистицираната камера зa фотографии и снимање видеа.
Меѓу продадените телефони може да се забележи дека смарт телефоните со екран од 6-7 инчи, камера од 20 и повеќе мегапиксели и меморија од 128 и повеќе гигабајти во првите 6 месеци од 2019 година сочинуваат 16% од продадените телефони (сума од 33 милијарди евра).
- Голем интерес за телефони со две камери -
Според истражувањето, зголемувањето на резолуцијата кај мобилните уреди го забрза излегувањето на пазарот на смарт телефоните со повеќе камери.
Во периодот јануари - јуни, според податоците за продажба, телефоните со две задни камери заземаат 50% од глобалната продажба на смарт телефони, продажбата на телефони со три камери во истиот период е зголемена за 1% и достигна 20% од продажбата на светскиот пазар.
Истражувањето покажа дека во првата половина од годината, 18% од продадените телефони се со процесори кои работат на фреквенција од 2,5 до 2,8 GHz.
Продажбата на телефоните кои ја поддржуваат мрежата 5G претставува 41% од продадените телефони во Јужна Кореја. Додека телефоните со премиум цена во првата половина од 2019 година заземаат 8% од глобалната продажба, телефоните од сегментот на 5G мрежата во продажбата забележаа раст од 6%.
Од друга страна, во овој период е забележано дека од вкупните трошоци на технолошките производи, смарт телефоните заземаат 42% од продажбата.
- Технолошки развој -
Игор Рихтер, експерт на секторот за телекомуникации во „Growth from Knowledge“, во својата проценка за глобалната продажба на технички производи, истакна дека смарт телефоните, благодарение на технолошките новитети и побарувањата од потрошувачите, постојано се развиваат.
Во својата анализа Рихтер наведува „Со цел со вашиот уред да ги овековечи специјалните моменти, да ги споделите и да се забавувате во движење, потребно е тие да имаат оптимални карактеристики за сето тоа да се избалансира. Зголемената побарувачка предизвика зголемување на бројот на камери во уредите и користење апликации кои бараат моќни перформанси, со што се создаде потреба од развој на подобри процесори.“