Amina Zorniç
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Новите истражувања од Универзитетот Брунел во Лондон открија дека луѓето кои често објавуваат селфи фотографии од теретаните имаат "психолошки проблем", пренесува Anadolu Agency (AA).
Популарниот назив селфи претставува вид на авто-портрет направен со дигитален фотоапарат или мобилен телефон кој лицето го држи или се фотографира во огледало. Таквите фотографии обично се објавуваат на некоја од социјалните мрежи, како Фејсбук или Инстаграм.
„Луѓето кои постојано се фалат со фитнес и со теретана имаат тенденција да покажуваат нарцисоидни особини. Ова е израз на психолошки нарушувања при што луѓето стекнуваат задоволство од восхитот од другите луѓе, со цел да се "нахрани" егото со лајкови и коментари", се наведува од Универзитетот.
Во студијата беа вклучени 500 испитаници кои ја користат социјалната мрежа Фејсбук, а откриено е дека на „позерите од теретана" всушност „очајнички им се потребни лајкови и коментари по кои чезнеат.“
„Во оваа студија, очигледно е дека несигурни луѓе се обидуваат да ја докажат својата вредност. Исто така, луѓето кои често на Фејсбук ставаат фотографии со своите партнери имаат ниско ниво на самопочитување“, се заклучувa во студијата.
И претходните истражувања и експерти тврдea дека за луѓето кои често се фотографираaт и ги објавуваат фотографиите на социјалните мрежи, може да се каже дека имаат одредено психичко нарушување, а тоа особено се однесува на оние кои упорно бараат совршен агол под кој можат да се фотографираат.
Опседнатоста со „само-фотографирањето“ многупати во истражувањата е нарекувана „замислување на својата грдост“ што вклучува проверување на сопствениот изглед и несигурност со што се бара потврда од дргите.
Таквата искривена слика за себе, тврдат стручњаците, го покажува недостатокот на самодоверба но и на самопочитување што се рефлектира и на поединецот и на неговата околина.