Dildar Baykan Atalay
12 Јануари 2024•Ажурирај: 16 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Меѓународно истражување предводено од Кина откри дека океаните во 2023 година ги достигнаа највисоките регистрирани температури петта година, што е загрижувачки знак за брзината со која светот се загрева, јавува Анадолу.
Во студија раководена од Кинеската академија на науките, истражувачи од Кина, САД, Нов Зеланд, Италија и Франција спроведоа мерење на годишната температура на водата во океаните.
Мерењата покажаа дека температурата на водата во океаните во 2023 година била за 0,23 степени повисока отколку во 2022 година. Значи ова е „највисоката температура“ забележана петти пат по ред.
Истражувачите изјавија дека дури и ако емисиите на стакленички гасови се намалат, температурите на водата во океаните ќе продолжат да растат во текот на овој век.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Advances in Atmospheric Sciences“.