Sorwar Alam
02 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кинеската вселенска станица Тиангонг-1 (Tiangong-1) утрово влезе во атмосферата на Земјата и изгоре, соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSEO), пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата соопшти дека експерименталното вселенско летало влегло во атмосферата на Земјата околу 8:15 часот по локално време некаде над Јужниот Океан.
CMSEO наведува дека поголемиот дел од леталото со должина од 10,4 метри и маса од 8,5 тони целосно изгорел при влегувањето во атмосферата.
Кина на 29 септември 2011 година ја лансираше вселенската станица, а нејзината мисија заврши во 2016 година. Во текот на петгодишната мисија, станицата се приклучи и на други вселенски летала и изведе низа експерименти.
Официјален Пекинг во петокот објави оти е малку веројатно дека големи парчиња од Таингонг-1 ќе стигнат до Земјината површина.