İslam Doğru
19 Септември 2018•Ажурирај: 22 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Американските научници тврдат дека физички и ментално поздрави се луѓето кои во детството и адолесцентниот период практикуваат верски обреди, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за тврдења на научници од „Harward T.H. Chan School of Public Health“, кои спровеле истражување на речиси 5.000 деца кои на возраст од 8-та до 14-тата година присуствувале на верски обреди и ги извршувале молитвите, самостојно или со членовите на семејството.
Научниците го следеле физичкото и менталното здравје на овие деца и деценија по полнолетството.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „American Journal od Epidemiology“, а се наведува дека за 18 отсто посреќни се младите во 20-тите години од животот кои минимално еднаш неделно присуствувале на верски обреди.
Истото истражување покажа дека младите кои практикувале одредени верски обреди, за 30 отсто повеќе учествуваат во волонтерските активности, и дека за 33 отсто помалку се склони кон консумирање наркотици од младите кои во детството не присуствувале и не практикувале верски обреди.
Научниците, исто така наведуваат дека луѓето кои секојдневно практикуваат религија или медитација, значително повеќе уживаат во животот, подобро ги контролираат емоциите и се повеќе склони кон простување од луѓето кои тоа не го прават.
„Истражувањето несомнено покажа дека растењето со практикување религија позитивно се одразува на менталното и физичкото здравје и на општото расположение на човекот“, изјави раководителката на истражувачкиот тим, Јинг Чен.