Emre Aytekin
31 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Научниците информираат дека во последните 30 години е забележан сериозен пад кај популацијата на кралските пингвини, пренесува Anadolu Agency (AA).
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Antarctic Science“. Јужно од Индискиот Океан, се наоѓа островот Кошон на кој живее најголемата колонија кралски пингвини. Оваа колонија забележа пад на популацијата од 88 отсто, од 1980 година наваму.
Во периодот 2015-2017 извршено е набљудување на островот од воздух и од сателит, при што е забележано дека на островот има околу 60.000 парови пингвини. Во едно слично истражување извршено 1980 година, на островот живееле околу 500.000 парови пингвини.
Истражувачите истакнуваат дека не е позната причината за големиот пад на популацијата на овој вид пингвини.
По императорскиот пингвин, кралските пингвини се втор по големина вид меѓу пингвините. Живеат северно од Антарктикот, на температурно поумерени острови.
Во истражувањата извршени врз видовите птици во регионот е констатирано дека под влијание на климатските промени е забележано намалување на популацијата на птици.