Özcan Yıldırım
26 Април 2023•Ажурирај: 27 Април 2023
АНКАРА (АА) - Во текот на април оваа година во Република Туркије беа претставени голем број технолошки достигнувања, мегаинвестиции и инфраструктурни проекти, пишува Анадолу.
Само неколку од многуте технолошки достигнувања се турскиот воен брод „ТЏГ Анадолу“, набљудувачкиот сателит ИМЕЏЕ и метро линиите во Анкара и Истанбул.
Прво, на 3 април, во Претседателскиот комплекс во Анкара се одржа церемонијата за испорака на моделот T10X од првиот турски автомобил „Тогг“.
Потоа, на 8 април беше пуштена во употреба метро линијата Башакшехир - Чам и Градската болница Сакура - Кајашехир, во должина од 6,2 километри, со што дополнително се збогати транспортната инфраструктура на Истанбул.
Два дена подоцна, на церемонија одржана во бродоградилиштето Седеф во Истанбул, беше доставен воениот брод „ТЦГ Анадолу“.
Потоа, на 12 април, во Анкара свечено беше отворена метро линијата АКМ - Гар - Кизилај, долга 3,3 километри, изградена од Министерството за транспорт и инфраструктура.
Три дена подоцна беше отворена Градската болница во Коџаели со капацитет од 1.218 кревети. Истиот ден, Туркије успешно го лансираше ИМЕЏЕ, првиот сателит за набљудување на Земјата со висока резолуција.
Потоа, на 17 април свечено беше отворен Финансискиот центар во Истанбул, а еден ден подоцна во Ескишехир беше отворен објектот за ретки земјени елементи, а на шините беше ставена електричната локомотива од типот Е5000, што беше произведена со национални ресурси.
На 20 април, како дел од проектот за развој на гасното поле „Сакарија“ што го спроведува Турската нафтена корпорација (ТПАО), се одржа церемонија за пуштање во мрежата на 710 милијарди кубни метри природен гас откриени во Црното Море.
Потоа, на 23 април, обновениот тенк „Алтај“, кој веќе е во фаза на масовно производство, свечено беше доставен до Турските вооружени сили.
Покрај наведените успеси, денес (26 април) ќе биде пуштена во употреба и брзата железничка линија Анкара - Сивас, со што времето на патување помеѓу Анкара и Сивас ќе се намали од 12 часа на два часа.
Потоа се планира на 27 април да биде пуштен во употреба првиот блок на нуклеарната централа „Акују“, првата турска нуклеарна централа, која официјално ќе има статус на нуклеарна централа со добивање нуклеарно гориво.
Два дена подоцна, на 29 април, ќе биде отворена првата фаза од Националниот парк на Аеродромот Ататурк, што ќе биде петти по големина градски парк во светот и најголем градски парк во Туркије.
Потоа, на 1 мај, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ги објави најновите информации за Хурџет, првиот турски воен авион, што веќе успешно го заврши својот прв пробен лет, и проектите за национална одбрана како што се ММУ и АНКА-3.
Покрај тоа, на 3 мај е планирано отворање на новиот тунел Зигана, што го поврзува Трабзон со Бајбурт, Ашкале и Ерзурум прему Ѓумушане.