Övünç Kutlu
28 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Безалкохолните и вештачки засладените пијалоци се поврзуваат со поголем ризик од кардиоваскуларни болести, покажа најновото истражување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Студијата, објавена во „Journal of the American College of Cardiology“ во понеделникот, во која учествувале 104.760 лица, покажала дека диететските напитоци, вклучително и пијалоците со вештачки засладувачи, можат да имаат негативно влијание врз кардио-метаболичкото здравје.
Учесниците требало да пополнат три формулари за 24-часовната исхрана секои шест месеци, а кај 1.379 од нив се појавиле први случаи на кардиоваскуларни болести, открива студијата.
„Нашето истражување порачува дека вештачки засладените пијалоци не се здрава замена за безалкохолните и газираните пијалоци“, порача Елои Чазелас, раководител на студијата и член на Истражувачкиот тим за нутриционистичка епидемиологија.
„Овие податоци даваат дополнителни аргументи за разгорување на актуелната дебата за даноците, етикетирањето и регулативите за безалкохолните пијалоци и вештачки засладените пијалоци“, додаде Чазелас.
Во студијата вештачки засладените пијалоци се дефинирани како пијалоци кои не содржат нутритивни засладувачи, додека за безалкохолни пијалоци се сметаат сите пијалоци што содржат 5% шеќер или повеќе.