Zehra Ulucak
13 Јуни 2018•Ажурирај: 16 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Помалку од 6, а повеќе од 10 часа спиење создава ризик од метаболички синдром кој има симптоми на зголемено ниво на шеќер во крвта, крвниот притисок, прекумерна маса околу половината и висок холестерол, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето објавено во списанието „BMC Public Health“ ги опфати влијанијата на мала и голема количина сон кај луѓето. Научниците од Медицинскиот универзитет во Сеул испрашаа 133.608 Корејци, мажи и жени на возраст од 40 до 69 години.
Поставија едноставно прашање: „Колку во просек спиевте дневно минатата година?“ Се покажа дека 11 отсто од мажите, а 13 отсто од жените во просек спиеле помалку од 6 часа. Исто така е објавено и дека 1,5 отсто од мажите и 1,7 отсто од жените спиеле повеќе од 10 часа.
Клер Е. Ким, која предводеше група научници, изјави дека е докажано оти постои врска меѓу сонот и метаболичкиот синдром.