Aida Cako
27 Август 2025•Ажурирај: 28 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Ракетата „Старшип“ на компанијата „СпејсИкс“ во сопственост на милијардерот Илон Маск вчера успешно изведе контролирано спуштање во Индискиот Океан за време на своето десетто тестирање, јавува Анадолу.
Компанијата претходно го одложи лансирањето за еден ден поради неповолните временски услови на нејзините постројки „Старбејз“ во Тексас.
„Старшип“ е клучно летало во плановите на НАСА за враќање на астронаутите на Месечината, што се очекува да се случи до средината на 2027 или 2028 година.