Elvir Hociç
20 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
МОСКВА (АА) - Руската Федерална Вселенска програма ѝ предаде на владата во Москва, на разгледување, нацрт-план за развојот за наредните десет години во кој се наведува дека од буџетот е неопходно да се обезбедат 305 милиони долари за развивање на клучни компоненти и технологии за нова супер тешка вселенска ракета, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во документот се наведува дека концептуалниот дизајн на сателитското летало и базата за нејзино лансирање треба да ѝ биде претставено на јавноста во 2018 година.
Прототипот на оваа супер ракета би требало да биде завршен до 2025 година.
Новиот производ на руските експерти за вселенски летала би требало да е со носивост до 80 тони во ниската орбита на Земјата и до 20 тони во Месечевата орбита.
Според претходните извештаи, руските власти имаат намера за финансирање на Федералната вселенска програма до 2025 година да одвојат 18,27 милијарди долари, а додатни 1,44 милијарди би требало дополнително да се обезбедат.