Alma Çekovic
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Детската гојзаност достигна алармантно ниво на глобален план и стана ноќна мора во земјите во развој, соопшти Светската здравствена организација (SZO), пренесува Anadolu Agency (AA).
Авторите на извештајот на Комисијата за борба против гојазноста кај децата, објавен вчера, нагласуваат дека оваа епидемија во минатото не е третирана како јавен здравствен проблем туку како производ на нечиј стил на живот и поединечен избор на храна.
Но, по двегодишно истражување во над 100 земји, авторите на извештајот истакнуваат дека владите и глобалните светски организации биле клучни во третирањето на оваа почест на современото доба.
„Која е пораката? Не се виновни децата”, рече претседателот на комисијата Питер Глукман.
Биолошките фактори, неадекватниот пристап до здрави намирници, недостаток на физичката активност во училиштата и нерегулиран маркетинг за лошата исхрана додатно ја влошуваат епидемијата која бара координиран глобален одговор, се наведува во извештајот.
Комисијата за борба против гојазноста кај децата, потсетувајќи на фактот дека таа кај децата помлади од пет години во последните 24 години се зголеми од 31 на 41 милиони, предложи да се промовира здравиот начин на живот и да се зголемат даноците на засладените пијалоци.
„До денес, напредокот во борбата против гојазноста е бавен и неконзистентен”, се наведува во извештајот.
Глукман додава дека малолетничката дебелина во земјите во развој е вистинска „ноќна мора”.
Бројките покажуваат дека во Африка бројот на гојазни деца помали од пет години од 1990 година се удвоил, и до денес изнесува 10,3 милиони.
Во извештајот се наведува дека во богатите земји, сиромашните деца почесто заболуваат од гојазноста, дел поради големата достапност на лошата исхрана која изобилува со јагленохидрати, масти и шеќери.