Emel Öz Gözellik
02 Февруари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Вселенскиот телескоп „Хабл“ (HST) сними џуџеста галаксија, која се наоѓа 30 милиони светлосни години далеку од Млечниот Пат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Space.com“, астрономот Луиџи Бедин од опсерваторијата „Падова“ во Италија, заедно со неговата екипа, открила една мала галаксија додека ги истражувала снимките од телескопот „Хабл“, во рамки на едно истражување во врска со соѕвездието NGC 6752.
Оваа новооткриена галаксија е именувана како „Bedin 1“, а се наоѓа 30 милиони светлосни години далеку од Земјата.
Астрономите велат дека „Bedin 1“ се наоѓа на далечина од 2 милиона светлосни години до најблиската галаксија.