Emre Aytekin
01 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
АНКАРА (АА) - Вселенскиот телескоп „Хабл“ ја сними спиралната галаксија „NGC 6744“ која е позната по сличностите со галаксијата Млечен пат, но е два пати поголема од неа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) објави една фотографија со висок квалитет на оваа галаксија фотографирана од страна на широкоаголната камера на „Хабл“.
Галаксијата која се наоѓа во соѕвездието Паун (Паво), од аспект на нејзиниот облик и карактеристики е позната како хомогена или поголема сестра на галаксијата Млечен пат.
Центарот на оваа галаксија се состои од жолти стари ѕвезди исто како Млечниот пат. Може да се забележи дека се зголемуваат сините и розевите спирални зони додека се движите од центарот кон надворшниот дел на галаксијата.
Галаксијата која зафаќа место од 200.000 светлосни години, е два пати поголема од Млечниот пат која е широка 100.000 светлосни години.