Seda Sevencan
17 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
АНКАРА (АА) - Револуционерно истражување на турски доктор за дијабетес стигна до насловната страница на истакнат американски медицински журнал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мустафа Алтај, предавач на Универзитетот за здравствени науки во главниот турски град, Анкара, стигна до насловната страница на Светскиот журнал за дијабетес.
Алтај, инаку ендокринолог, за Агенција Анадолија изјави дека покрај генетската предиспозиција, други фактори на ризик за појава на дијабетес се неправилната исхрана, недоволното вежбање, дебелината и одредени фактори на животната средина, како и индивидуални фактори.
Доктор Алтај ги охрабрува сите да се борат против оваа болест, додавајќи дека должноста на лекарите е да ги информираат пациентите, да ги лекуваат со новите информации и методи и да помогнат во спречување на болеста преку научни истражувања.
Во 2018 година, уредникот на Светскиот журнал за дијабетес му понуди на Алтај место во Уредничкиот одбор за да ги оценува статиите за објавување, функција што тој ја прифати и ја извршува три години.
Алтај додава дека неговото истражување за дигестивните нарушувања предизвикани од пад на панкреасните ензими како резултат на дијабетес привлекло големо внимание.
„Многу меѓународни списанија сè уште бараат статии на оваа тема“, вели тој.
„Исто така добивам покани да говорам на многу конгреси и конференции“, рече Алтај, додавајќи дека нема многу објавени студии на оваа тема и дека ова прашање сè уште не е многу познато меѓу лекарите.
Светскиот журнал за дијабетес се објавува во САД веќе 12 години. Месечното списание вклучува основни и клинички истражувања за дијабетесот.