Ayşe Böcüoğlu Bodur
19 Ноември 2021•Ажурирај: 21 Ноември 2021
АНКАРА (AA)
- Ајше БОЏУОГЛУ БОДУР
Турската софтверска програма „intihal.net“, која открива и пријавува плагијат, се претпочита и во земјите од светот.
Али Саџихан, главниот извршен директор (CEO) на „АТФ Груп“, за Агенција Анадолија изјави дека е важно да се контролира оригиналноста на публикациите на глобално ниво, бидејќи кршењето на авторските права е широко распространето.
Објаснувајќи дека се користи софтвер за да се провери автентичноста на документите и да се откријат плагијати, Саџихан истакна: „Програмата intihal.net дизајнирана од турски компјутерски и софтверски инженери, го зазеде своето место на светската арена благодарение на перформансите со кои зад себе ќе ја остави конкуренцијата.“
Саџихан објасни дека програмата, која ги детектира и означува цитатите во документот, со корпоративна претплата опслужува повеќе од 150.000 корисници од 220 универзитети во Европа и Азија. Наведувајќи дека програмата почна да се користи и од високообразовните институции во Америка, Саџихан продолжи со зборовите: „Софтверот intihal.net кој претходно стана познат со проектите во кои беше тестирана оригиналноста на книгите на 10 милиони средношколци во Европа, нуди услуги за откривање на сличности и за академските и за средните училишта.“
Изјавувајќи дека по соработката со многу важни институции во Турција и Европа, постигнале договор со Универзитетот „Јејл“, еден од водечките универзитети во САД и со Универзитетот „Лоренс технолоџикал“, Саџихан додаде: „Ќе докажеме колку е напреден турскиот инженеринг кога во блиска иднина овој производ ќе се претпочита од целиот свет. Презентирајќи методи што истражувачите ги користат за да избегнат плагијат, како што се визуелен плагијат, машински превод и поддршка на класната логика, intihal.net успева да биде и лесен за користење благодарение на својот лесен интерфејс. Покрај тоа што е еден од сериозните играчи на пазарот, intihal.net брзо напредува на глобално ниво, привлекувајќи го и вниманието на инвеститорите.“