АНТАРКТИК (АА) - ДИЛАРА ЗЕНГИН -
Научниците кои патуваа на Белиот Континент во рамки на 3. Национална научна експедиција на Антарктикот, ги завршија нивните активности во тешките услови на овој континент, оддалечен 14.000 километри од Турција, пишува Anadolu Agency (AA).
3. Национална научна експедиција на Антарктикот, која се одвиваше под покровителство на турското Претседателство и во координација на турското Министерство за индустрија и технологија и Центарот за поларни истражувања „Uyg-Ar“ (PolReC), заврши.
Начниците ги вршеа своите активности под тешките услови на Белиот Континент, каде што сега е летна сезона, а температурите се под нула, односно најниската измерена температура во текот на експедицијата била 15 степени под нула, додека студот е почувствуван уште повеќе преку силните бури на овој континент. Со цел да се заштитат од студот, научниците носеа специјална облека.
Дваесет и четири научници околу еден месец престојуваа на бродот со знаме на Чиле наречен „Бетансос“, на простор со површина од околу 300 метри квадратни.

Во овие рамки, научниците дневно на терен работеа околу 12 часа на континентот каде што дневната светлина трае околу 18 часа, додека во деновите со бура научниците не излегуваа од бродот.
- Ограничена комуникација -
Научниците на бродот се хранеа со јадењата подготвени од чилеански готвачи, а едно од најпроблематичните прашања со кои се соочија беа ограничените комуникациски извори.
Тие на терен комуницираа со воки-токи, додека со своите семејства и колеги комуницираа преку сателитски телефони, со бројни прекини, и преку е-пошта.

Светската рекордерка во слободно нуркање, Шахика Ерџумен, која е дел од експедицијата, истакна дека еден од факторите што ја намалил нивната мотивација е бурата и тоа што поголемиот дел од експедицијата поминал во патување.
Ерџумен нагласи дека во овој период редовно вежбала на бродот. „Спортував. Работев на пишување детска книга, која ја завршив кон крајот на експедицијата. Се обидов да се мотивирам, бидејќи навистина беше тешко од психолошки аспект“, рече таа, изразувајќи задоволство што ја претставила нејзината земја тука.

Од друга страна, Мурат Атеш, висок наредник од Одделот за навигација, хидрографија и океанографија при турската Команда на поморските сили, истакна дека околу една недела не можеле да работат поради бурата која го зафатила островот Хорсшу.
Атеш рече дека со подобрувањето на временските услови се повратила мотивираноста и почнале со работа. „Експедицијата беше интензивна, тешка и полна со копнеж“, нагласи тој, додавајќи дека имале проблеми со комуникацијата.
„Среќни сме што ја претставуваме нашата земја и нашата институција. Горди сме што ја завршивме мисијата. Иако нашите работи ги извршувавме под тешки услови, конечно постигнавме успех“, рече Атеш.

Озгун Октар од Центарот за поларни истражувања „Uyg-Ar“ (PolReC) нагласи дека бил одговорен за логистика за време на експедицијата, и дека ги реализирале сите планирани цели.
Октар раскажа дека е тешко да се живее на брод, но дека поминале пријатно време.
Од друга страна, проф. д-р Ерсан Баша од Факултетот за морски науки при Техничкиот универзитет „Карадениз“ рече дека е мошне тешко да се работи на Антарктикот, и дека времето на овој континент било многу променливо, нагласувајќи дека ги завршиле сите планирани проекти.
news_share_descriptionsubscription_contact
