Ivana Ramadanova
08 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Секретаријатот за европски прашања во соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) – Скопје денеска организира дебата од циклусот „ЕУ Ѕвезди” на тема: “Капитализам наспроти Социјализам”, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред почетокот на дебатата изјави за новинарите дадоа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми и ректорот на МБУ, Исмаил Кoџајусуфоглу.
"Чест и задоволство ми е што денеска сум присутен како гостин во Балканскиот Универсзитет. Ние ќе го поддржиме секој проект во кој се инволвирани студентите и за оние проекти каде што студентите дебатираат за важни прашања и теми. Ние ќе продолжиме со поддршката на овој проект и други проекти кои се започнати", рече заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми.
Ректорот на МБУ, Исмаил Кoџајусуфоглу пред почетокот на дебатата изрази огромно задоволство поради присуството на заменикот претседател на Владата во Балканскиот Унивесрзитет.
"Најнапред сакам да ви честитам и да ви поскаам успех за новата функција, а истовремено сакам да ви се заблагодарам за вашето присуство во Балканскиот Универзитет и се надевам дека ќе имаме убава дебата од циклусот ЕУ Ѕвезди", истакна ректорт Коџајусуфоглу.
Ова е трета дебата од циклусот “ЕУ Ѕвезди” што СЕП ја организира во рамки на Кампањата “Младите за ЕУ”, а на неа беа присутни студентите од Универзитетот.