Sinan Balcıkoca
27 Мај 2017•Ажурирај: 28 Мај 2017
ЕСКИШЕХИР (АА) - Шакир Кајадан (51) дипломирал на 5 различни факултети, а неговата упорност и посветеност во науката претставува пример за младите, пишува Anadolu Agency (AA).
Кајадан кој дошол во турскиот град, Ескишехир, за да учествува на церемонијата на дипломирање, во разговор со АА раскажа дека живее во Анкара и работи во јавна институција.
Нагласи дека својот живот го посветил на образованието, и рече дека пред многу години дипломирал на факултетот за хемија во техничкиот универзитет Блискиот Исток, а потоа продолжил со постдипломски студии на истиот смер.
„Многу го сакам образованието. После моите постдипломски студии дипломирав на факултетот за јавна администрација на универитетот Анадолу. Потоа дипломирав на факултетот за програмирање во универзитетот Атилим. Образованието нема возраст. Првин вонредно дипломирав на факултетот за бизнис, додека сега дипломирав на правен. Многу сум среќен. Ова на сите им го препорачувам“ истакна Кајадан.
- „Тоа што го читаме, важно е на добар начин да го применуваме во нашиот живот“
Исто така, Кајадан вели дека има голема желба да истражува, и додаде дека го научил англискиот, арапскиот, францускиот како и германскиот јазик.
Според него, луѓето кои читаат имаат можност да научат многу нешта, како и да бидат поенергични
Тој додаде дека по одредена пауза во неговото лично образование, пак ќе продолжи да работи на тоа поле и да се запише на друг факултет.