Hatice Kesgin
12 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Академијата за вести на Anadolu Agency, денес во Истанбул го започна својот прв курс за „Интернационално новинарска обука за Централна Азија и Северна Африка“ за учесници од Етиопија, јавува Anadolu Аgency (АА)
Во главното обраќање, координаторот на Академијата за вести на АА, Умит Сонмез, им честита на учесниците во програмата и рече дека Етиопјаните се „работлив и вреден народ“
„Етиопјаните се секогаш многу вредни. Тие секогаш успешно ги завршуваат своите должности. Веруваме дека ќе дадат сè од себе во текот на деветдневната обука“, рече Сонмез.
Тој додаде дека програмата ќе им обезбеди на учесниците обука за фоторепортерство, сниматели-камермани, дипломатија и спортско новинарство меѓу мноштвото теми.
Тој, исто така, додаде дека обуката ќе ги збогати новинарските вештини на учесниците.
Програмата, во која учествуваат 20-тина учесници, завршува на 20-ти декември. На учесниците кои успешно ќе го завршат курсот ќе им бидат доделени сертификати.
Академијата за вести на АА е формирана како дел од стогодишната цел на достигнување на агенцијата до 2020 година. Во изминатите три години, Академијата одржуваше чести семинари како и многубројни тренинг програми.