Mehmet Tosun
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
АНКАРА
Турските и руските војници ја започнаа четвртата заедничка копнена патрола источно од Еуфрат, во подрачјето на Дарбасија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави турското Министерство за одбрана се вели дека продолжуваат активностите на патролирање кои се во согласност со Договорот на Турција и Русија постигнат во Сочи на 22 октомври 2019 година.
Во тие рамки турските и руските воени елементи, пратени од беспилотни летала, ја започнаа четвртата заедничка копнена патрола источно од Еуфрат, во подрачјето на Дарбасија.