Adel Ömeragiç
17 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Демократската партија на социјалистите (ДПС) освои најмногу гласови на парламентарните избори што се одржаа вчера во Црна Гора. Изборите беа четврти по ред од обновувањето на независноста, но беа недоволни за да се формира влада, поради што ќе мора да се бараат постизборни сојузници. Вчерашните избори во Црна Гора беа одбележан со многубројни неправилности на гласачките места, кои беа забележани од страна на набљудувачите на невладиниот сектор, јавува Anadolu Agency (AA).
На парламентарните избори во Црна Гора гласале 386.970 гласачи, или 73,2 отсто, беше соопштено од Центарот за демократска транзиција. Право на глас во Црна Гора имаат 528.817 граѓани, а на парламентарните избори учествуваа 17 изборни листи.
Демократската партија на социјалистите (ДПС) освои 41,1 отсто од гласовите, односно 35 мандати, соопшти Центарот за демократска транзиција (CDT) врз основа на обработените 100 проценти од материијалите. По ДПС, најмногу мандати освои Демократскиот фронт (ДФ), или вкупно 18, т.е. 20,6 проценти.
Големата коалиција на Клуч и Демократите на Алекса Бечиќ освои девет мандати, или 10,7 отсто од гласовите, или 10,5 отсто, а Социјалдемократската партија (СДП) доби четири мандати врз основа на 5,4 отсто од освоените гласови.
Бошњачка странка има 3,3 отсто, односно два мандата. Социјалдемократите на Иван Брајовиќ освоија 3,2 отсто од гласовите, или два мандата, додека Хрватската граѓанска иницијатива освои 0,5 отсто, т.е. еден мандат. Збирната изборната листа на албанските партии освои 0,9 отсто, односно еден мандат.
Набљудувачите на ЦЕМИ и ЦДТ во текот на претходниот ден забележаа многубројни прекршувања на правилата на избирачкото место. Уште на почетокот на гласањето, дошло до дефект на уредот за електронска идентификација на повеќе избирачки места. Подоцна, во текот на денот, во неколку избирачки места во Рожаје дошло до пресметка меѓу членовите на одборот, а полицијата интервенирала.
Мрежата за афирмација на невладиниот сектор (МАНС) има поднесено 117 кривични пријави до Специјалното обвинителство, поради сомнеж дека се сторени кривични дела против избирачките права. Како што беше соопштено од страна на таа невладина организација, во текот на денот на изборниот ден МАНС бил контактиран од страна на 490 граѓани.
Повеќето кривични пријави, како што е наведено, се врска со купување на лични карти, притисоци и предизборен поткуп на гласачите. МАНС го покани специјалниот обвинител да ја информира јавноста за резултатите од постапувањето на обвинителството и полицијата по кривичните пријави поднесени во текот на денот на изборите.
Во текот на вчерашниот ден, на неколку часа, со одлуката на Агенцијата за електронски комуникации и поштенски услуги (ЕКИП), апликациите Вајбер и WhatsApp беа блокирани поради, како што е наведено од страна на ЕКИП, „употреба на несакана комуникација со корисниците“.