Besar Ademi,Cuneyt Davut
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Бегалците кои се заглавени со месеци на грчко-македонскиот граничен премин, во Идомени, продолжуваат да го изразуваат својот револт против затворањето на Балканската рута, блокирајќи ја меѓународната железничка пруга која ја поврзува Грција и Македонија од понеделникот, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите преку протестот го изразуваат својот револт против програмата на Европската унија за преселување на бегалците, бидејќи според нив програмата содржи долга процедура која е невозможна за бегалците.

Еден од нив посочи дека тие не сакаат да го напуштат Идомени и ќе чекаат во овие бедни услови за живот сè додека Европа не ги отвори границите и не им овозможи да го продолжат своето патување. Според нив, доколку го напуштат Идомени, Европа ќе ги заборави.
„Ние чекаме овде за да се отворат границите, но грчките власти префрлија две илјади бегалци во други кампови. Ние не сакаме да нè префрлат во тие воени кампови, затоа што целиот свет ќе нè заборави. Во овие кампови има строг ,воен' режим и во светот нема да се слушне нашиот глас бидејќи не се дозволени медиумите и новинарите", рече тој.
Шефот на Канцеларијата на УНХЦР во Солун, Марко Буоно, рече дека кампот во Идомени нема капацитет да се справи со толку голем број на бегалци и затоа бегалците на различни начини и од различни причини одржуваат протести. Според него, единствениот начин да се подобри состојбата во Идомени е бегалците да се транферираат во други кампови и да почне да се применува програмата на ЕУ.

„Ова е процедура која мора да се спроведе од страна на грчките власти, но не поседуваат капацитети за волкав голем број на бегалци, така да процедурата доцни. Бегалците треба да бидат трпелливи и од ден на ден на сите ќе им се даде можност да аплицират”, рече Буоно.
Тимовите на УНХЦР велат дека во следните дена состојбата на бегалците во Идомени ќе се подобри. Тие велат дека ќе се зголеми бројот на хуманитарни организации кои ќе им помагаат на бегалците, но посочуваат дека единствениот начин да се реши овој проблем е со програмата на ЕУ за преселување на бегалците.
Во меѓувреме, голем број на бегалци инсистираат да го напуштат Идомени, надевајќи дека еден ден ќе се отворат границите на Балканската рута. Тие секој ден организираат разни протести, изразувајќи незадоволство за третманот од страна на Европа.