Adel Ömeragiç
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
БУДВА (АА) - Заменикот-генерален секретар на НАТО, амбасадорот Александер Вершбоу, денес во Будва за време на одржување на 2БС Форумот, изјави дека НАТО не сака нова Студена војна, јавува Anadolu Agency (AA).
Вершбоу во својот говор испрати јасна порака до Русија.
„Ако Русија се обиде да нападне некоја од членките на НАТО, без оглед дали нејзините методи се прикриени или директни, ќе се соочи со брз одговор и ќе зажали поради таквите акции, изјави заменик генералниот секретар на НАТО.
Тој порача дека НАТО е отворен за дијалог со Русија.
Во Будва во тек е Форумот „Да се биде сигурен (2BS)", меѓународната конференција за прашањата поврзани со глобалната трансатланска безбедност.