Vesna Besiç
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
МОСКВА (AA) - Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ денеска во Москва се состана со потпретседателот на Владата на Руската Федерација Дмитри Рогозим со кој разговараше за билатерални односи, состојбата во регионот и економска соработка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вучиќ истакна дека Србија е цврсто определена за понатамошен развој на политички односи со Руската Федерација на темел на стратешко партнерство и подготвеност на двете страни за нивно продлабочување во сите области. Изрази задоволство поради достигнатата динамика на средби на високо и највисоко ниво и се заблагодари на цврста и доследна поддршка на Русија за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, соопштено е од кабинетот на претседателот на Србија.
Вучиќ додаде дека за Србија е од големо значење да продолжи со Русија редовно да разменува информации и да ги ускладува активностите во меѓународните организации за прашањето на Косово.
Укажа на тоа дека Русија е еден од стратешките економски и надворешнотрговски партнери на Србија. Изнесе податок дека вкупната размена на стоки во 2016. година достигнала 2,3 милијарди долари додавајќи дека во наредниот период Србија ќе го насочи вниманието на стопанската соработка со Русија за да бидат искористени погодностите кои ги овозможува Договорот за слободна трговија.
„Сакаме постоечката соработка во енергетиката, стопанството, телекомуникациите и другите области да ја унапредиме и зајакнеме. Србија е заинтересирана за стабилни испораки на енергенти за да биде овозможена енергетска безбедност на земјата", заклучи Вучиќ.