Вучиќ и Звиздиќ за изјавата на Меркел: Ситуацијата не е розова, но ние работиме на зајакнување на стабилноста
Ситуацијата не е розова, но ние работиме на зајакнување на стабилноста, истакнаа Звиздиќ и Вучиќ
?????
05 Ноември 2015•Ажурирај: 05 Ноември 2015
Сараево
Изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел, дека состојбата во Западен Балкан може да се искомплицира доколку Германија и Австрија ги затворат, српскиот премиер Александар Вучиќ ја смета како добронамерна со желба "такви работи не се случат" пренесува Anadolu Agency (АА).
"Се разбира, ситуацијата во Западен Балкан во однос на политичките тензии не е розева, доволно е да се види што им се случи на Македонија, Приштина, Подгорица, како и оставката на премиерот на Романија поради немилот настан во дискотеката во Букурешт... Тоа што Европа е во паника поради мигрантите, а Србија не, ние на луѓето од Босна и Херцеговина, можеме да им кажеме дека тоа не е толку страшно како што е претставено во некои меѓународни медиуми, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, додавајќи дека станува збор за луѓе кои, поради војните во нивните земји се принудени да ги напуштат нивните домови и бараат подобра иднина за своите семејства и деца.
Тој истакна дека Србија ќе стори сé за да се одржи стабилноста во регионот.
Според претседателот на Советот на министри Денис Звиздиќ, затворање на границите на Германија и Австрија би можело да ја искомплицира ситуацијата во Западен Балкан поради ограничениот капацитет на земјите во регионот за прием на бегалци.
"Зборуваме за неколку десетици илјади луѓе, а поради затворање на границите, постои можност за наплив на стотици илјади луѓе, што е значително многу покомплексен проблем кој може да ги разгори тензиите во регионот", рече Звиздиќ додавајќи дека ако "насекаде има вжештени глави треба да се потсетиме дека постојат тешки искуства од минатото кои ќе ги изладат тие глави."
"Ние сега зборуваме за иднината на двете земји со одредена европска иднина и за регионот како место каде младите луѓе ќе бидат во можност да ја креираат својата иднина во професионалниот и приватниот живот. Ние сакаме да испратиме порака дека на прво место ни е стабилноста која ќе биде подлога за понатамошниот економски развој, а тој е секогаш подлога за зајакнувањето на политичките односи", додаде Звиздиќ.
Вучиќ и Звиздиќ за изјавата на Меркел: Ситуацијата не е розова, но ние работиме на зајакнување на стабилноста