???????? ??????????
20 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
БЕЛГРАД (АА) – По состанокот на Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека од денес КФОР во потполност ќе ја релаксира зоната на воздушната безбедност, што значи дека ограничувањата за дел од воздушниот простор на Србија, од 1999 година веќе не постојат, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар, Столтенберг, додаде и дека ја поддржува евроинтеграцијата на Србија а го пофали и придонесот што таа го дава за стабилноста на целиот регион.
„Србија денес игра важна улога во изградба на безбедноста на Западен Балкан, во Европа и ширум светот и со тоа што пружа гостопримство на илјадници бегалци, што е претседавач на OSCE, како и со тоа што праќа свои војници во мисиите на ОН и ЕУ“, рече Столтенберг.
Тој наведе дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина е важен за НАТО бидејќи нормализацијата и дијалогот се единствен пат кон напред, како и меѓусоседската соработка.
Тој додаде дека е свесен за огромната чувствителност во Србија кога станува збор за НАТО и меѓусебната соработка.
„Нашата кампања од 1999 година никогаш не беше насочена против српскиот народ, се работеше за сопирање на неприфатливите постапки на Владата на Милошевиќ, кои беа осудени од страна на меѓународната заедница. Со интервенцијата на НАТО беше окончана годината на конфликти на Балканот“, наведе Столтенберг.
Премиерот на Србија, Вучиќ, рече дека посетата на генералниот секретар на НАТО во Србија предизвика различни ставови и видувања, но дека таа е важна, добра и исклучително корисна за земјата и нејзините граѓани.
Тој додаде дека по 16 години Србија под своја контрола ќе го има целокупниот воздушен простор, со што повторно на радарите ќе биде можно да се видат Врање, Лесковац.
Освен за ова разговарано е и за бегалската криза, но и за значајни тренинзи на српските војници во базите на НАТО.