Kristina Maslareviç
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот премиер, Александар Вучиќ, на денешната средба со политичкиот директор на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Андреас Михаелис, разговараа за мигрантската криза, безбедносната ситуација во Западен Балкан и европската интеграција на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Србија на нејзиниот европски пат се потпира на поддршката од Германија", рече Вучиќ и како што оопшти неговата Канцеларијата за медиумите, додаде дека "Европската интеграција е стратешка цел на Србија”.
Вучиќ им се заблагодари на германските бизнисмени кои инвестираат во Србија, со што Германија стана не само еден од најголемите инвеститори, туку и еден од најголемите работодавачи во Србија.
„Србија е подготвена своите активности за решавање на мигрантската криза да ги усклади со европските препораки”, рече Вучиќ.
Политичкиот директор на германската дипломатија, Михаелис, изјави дека „стабилноста на Балканот и европскиот пат на Србија се многу важни теми”.
„Германија сака транспарентно политичко решение за мигрантската криза, која нема негативно да влијае на земјите кои мигрантите ги користат како транзитна маршута кон Западна Европа”, изјави политичкиот директор на Министерството за надворешни работи на Германија, Андреас Михаелис за време на состанокот со српскиот премиер Александар Вучиќ.