????? ????????
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Прмиерот Никола Груевски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот соопштија дека било разговарано за европските интеграции на Македонија, реформите кои ги спроведува нашата земја, и за состојбите, предизвиците и механизмите за надминување на предизвиците во врска со мигрантската криза.
Во соопштението се наведува дека претседателот на Европскиот совет Туск истакнал дека Европската Унија има интерес за членството на Република Македонија и дека и понатаму ќе продолжи соработката на реформите.
"Соговорниците се согласија дека нашата земја се наоѓа во специфична состојба при која во Македонија влегуваат бегалци од земја членка на Европската Унија, па затоа е потребен поголем ангажман и координираност на домашните и на европските институции во процесот на транзит на овие лица" , пишува во соопштението од кабинетот на премирот Груевски.
Премиерот Груевски истакнал дека со оглед на новите состојби Република Македонија има право и должност да презема чекори кои ќе ги заштитат домашните интереси и дека имајќи ги предвид заклучоците на националниот Совет за безбедност.
"Претседателот на Европскиот совет истакнал дека Европската Унија е подготвена да и помогне на нашата земја преку обезбедување на логистичка, хуманитарна и техничка помош" , пишува во соопштението.