AP
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
АТИНА (АА) – Грчките власти до наредната недела ги прекинаа преговорите со кредиторите за програмот на заштеда ,откако маратонските разговори за време на минатата вечер не дадоа никакви резултати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Атина претходно потврдија дека разговорите со европските кредитори и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе бидат завршени , меѓутоа несогласувањата во поглед на мерките за заштеда не беа надминати ни за време на синоќешните разговори.
Двете страни не се согласуваат во врска со реформата на пензискиот систем, даночните реформи и заштита на граѓаните кои не се во можност да ги отплатат кредитите на банките.
Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос изјави дека владата наредниот понеделник ќе се состане со кредиторите со цел договорот да биде постигнат до 22 април.
Според зборовите на министерот Грција и кредиторите се согласуваат “дека e направен е еден чекор напред”. Грција од 2010 година зависи од кредитите, а во средината на минатата година потпиша трет договор со меѓународните кредитори во вредност од 86 милијарди евра.