Ahmet Gençtürk
13 Мај 2026•Ажурирај: 13 Мај 2026
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денес предупреди на енергетска и инфлациска криза предизвикана од актуелната криза во Ормускиот Теснец, јавува Анадолу.
Говорејќи на настан во Атина посветен на енергетската транзиција на Балканот и Источниот Медитеран, Кирјакос Мицотакис ја повтори поддршката за дипломатско решение на кризата, истовремено нагласувајќи дека Иран „не смее да поседува нуклеарно оружје“, пренесува дневниот весник „Катимерини“.
Нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата, тој изјави: „Секоја недела во која Ормускиот Теснец останува затворен, носи дополнителен притисок врз глобалниот синџир на снабдување“.
„Живееме во меѓусебно поврзан свет. Не можеме да веруваме дека значителното нарушување во физичкото снабдување со нафта и нафтени деривати ќе остави некого непогоден“, додаде тој.
Мицотакис, исто така, тврди дека Европа премногу брзо се оддалечила од инфраструктурата за фосилни горива.
„Можеби мислиме дека завршивме со фосилните горива во Европа, но фосилните горива сè уште не завршиле со Европа“, рече тој.