bekim buci
25 Октомври 2015•Ажурирај: 25 Октомври 2015
Министрите за внатрешни работи на Република Србија Небојша Стефановиќ и на Хрватска Бранко Остојиќ денеска се договорија да доаѓа хрватски воз во Шиш за бегалците, кои ќе ги превезува во прифатниот центар во Славонски брод, пренесува Anadolu Agency.
Како се согласија двата министри, во текот на денот ќе сообраќаат четири такви воза, а со оваа пракса ќе се тргне кога ќе биде завршен прифатниот центар во Славонски Брод.
Стефановиќ и Остојиќ истакнаа дека ниту Србина ниту Хрватска не ја создале ваквата ситуација со бегалците од Блискиот и Средниот Исток и не се виновни за ова што се случува.