Zülfiya Yakup
18 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Европската комисија не ги укина визите за патување на граѓаните на Косово во земјите на Европската унија, но ги укина визите за Украина и Грузија, соопштено е денес во Брисел, јавува Anadolu Agency.
Иако е очигледно дека е направен екстремен напредок во процесот на визна либерализација, останаа уште 8 критериуми, од кои четири се приоритетни, кои Косово треба да ги исполни. Тоа е оценката изнесена во третиот и последен извештај кој денес го исвои ЕК за напредокот на процесот на визната либерализација на Косово.
Европскиот комесар за внатерешни прашања, Димитрис Аврамопулос, објавувајќи го извештајот кажа дека се надева дека Косово во почетокот на 2016 година ќе ги исполни последните критериуми за да може ЕК да предложи укинување на визите. Комесарот Аврамопулос најави дека на Косово ќе претстојува во почетокот на 2016 година за лично да се увери во напредокот на процесот.
Откако комесарот Аврамопулос го објави извештајот во Брисел, во Приштина, шефот на Канцеларијата на ЕУ за Косово и специјалниот претсетавник на ЕУ за Косово, Самуел Жбогар, одржа конференција за новинарите. Жбогар истакна дека извештајот ја зема в предвид големата работа завршена на Косово и покрај предизвиците со кои се соочуваше минатата и оваа година.
Нагласи дека од преостанатите 8 неисполнети критериуми, четири се приоритетни за ЕК да донесе позитивна оцена за укинување на визите на граѓаните на Косово, и да се очекува тие да се исполнат следната недела. Меѓу приоритетните критериуми е и префрлањето на одреден број судии на потребните позиции во Одделот за тешки злодела во судовите.
„Ова за што зборуваме е префрлање на пет судии со нивниот персонал во Одделот за тешки злодела низ цело Косово во почетокот на 2016 година. Второ, развивање и создавање на константна историја на судски одлуки и конфискувања во случаите на тешки злодела, организиран криминал и корупција. Тука е всушност тешко да се изгради историја или континуитет на овие случаи и тоа бара време, но од нешто треба да се почне. Мораме да сме уверени дека тие злодела се приоритетни за судиите и обвинителите“, рече Жбогар.
Меѓу приоритетите е обезбедување независност на надлежниот орган за набавка и именување на непартиски членови на Управниот одбор на надлежниот орган за јавни набавки, како и да се покаже дека се применети подзаконските акти за измена на личните имиња.
Останатите четири неприоритетни критериуми се Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, фондот за мигранти, надгледувањето на нискиот статус кон барателите на азил и обезбедување на полна независност на работата на арбитрерот.
Жбогар изрази уверување дека Владата на Косово заедно со судството ќе може во следните неколку недели да ги исполнат преостанатите критериуми.