AP
09 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Џон Кери, државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) рече дека во следните неколку дена планира да ја посети Русија за да разговара за кризата во Сирија и Украина, јавува Anadolu Agency (АА).
Кери денес во Париз истакна дека при својата посета на Москва сака да се состане со Владимир Путин, претседателот на Русија како и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за да разговора за две многу важни прашања.
Доколку го реализира планот, Кери со руските официјални лица ќе се сретне пред 18-ти декември, за кога во Обединетите нации (ОН) е закажан голем меѓународен состанок за Сирија. Се очекува во текот на споменатиот состанок на Советот за безбеднсот на ОН да се усвои резолуцијата за мировните преговори помеѓу сириската влада и опозицијата.
За Кери ова би била втора посета на Русија оваа година. Во мај беше во посета на Сочи каде што се состана со Путин и Лавров.