Islam Uddin
29 Мај 2026•Ажурирано: 29 Мај 2026
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји вчера пристигна во Канада во тридневна официјална посета, што претставува првa ваквa посета на земјата во изминатата деценија, јавува Анадолу.
„Со нетрпение очекувам да му посакам добредојде на мојот кинески колега, министерот Ванг Ји, во рамките на првата посета на Канада од страна на еден кинески министер за надворешни работи по една деценија“, напиша канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд на американската компанија за социјални медиуми Х.
Неговата посета се реализира по четиридневната посета на канадскиот премиер Марк Карни на Кина во јануари оваа година, што беше прва посета на кој било канадски премиер од 2017 година.
Претходно канадската Влада соопшти дека Ванг и Ананд ќе се сретнат во Отава за да разговараат за спроведувањето на обновеното Стратегиско партнерство меѓу Канада и Кина.
Обемот на трговска размена меѓу Кина и Канада во 2025 година изнесуваше 125,1 милијарда долари.