Hakan Ceyhan Aydoğan
23 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Централата изборна комисија на Русија ги објави конечните резултати од организираните избори на 18 септември за Долниот дом на Рускиот парламент, Думата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалните резултати, „Единствена Русија“, чиј претседател е Димитриј Медведев и често се нарекува „партијата на Путин“, освои 54,2% од гласовите, Комунистичката партија 13,3%, Демократската либдерална партија 13,1 % и Праведна Русија 6,2%.
Другите партии не успеаја да го поминат изборниот праг од 5%. Беше објавено дека учеството во изборите било 47,9%.
Според измените во изборниот систем од оваа година, половина од 450-те места во Думата ќе им припаднат на партиите според освоените проценти, а пак другата половина, според мнозинскиот пропорционален систем, ќе им припадне на кандидатите што освоиле повеќе гласови.
Според ова, Единствена Русија ќе има 343 пратеници, Комунистичката партија 42, Либерал-демократската партија 39 и Праведна Русија 23 пратеници. Партиите „Народна платформа“ и „Татковина“ ќе имаат само по еден претставник, кои ги добија со мнозинскиот пропорционален систем.