Hajer M'tırı
14 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Конзервативците и социјалистите здивнаа откако Крајно-десничарскиот фронт не успеа да освои ниту еднo место во втората рунда регионални избори одржани вчера, јавува Anadolu Agency (АА).
Опозициската центро-десничарска конзервативна партија раководена од поранешниот претседател Никола Саркози, Les Republicains, освои седум од 13-те региони во Франција, вклучувајќи го и главното „боиште“ Ile-de-France, кое го вклучува и Париз, за прв пат од 1998 година.
Владеачките социјалисти на претседателот Франсоа Оланд и неговите сојузници ги ограничија своите загуби од првата рунда и успеаа да се победат во пет региони.
Анти-европскиот, анти-имиграцискиот национален Фронт (NF), кој тврдеше дека ќе има историски резултати во првата рунда, не успеа да победи ниту во еден регион.
Лидерката на партијата Марин Ле Пен беше победена од конзервативците во северниот дел на Франција а нејзината внука Марион Маречал Ле Пен, во јужниот дел.
По резултатите од првата рунда, Социјалистичката партија одбра да ги повлече своите кандидати од одредени региони со цел да не го подели гласачкото тело, анти - Националниот Фронт, во втората рунда и ги натера левичарските гласачи да се наслонат на умерените конзервативни кандидати во обидот да го блокираат Националниот Фронт.
Но, Саркози одлучи да не се повлече ниту да се вклучи кон одредено „тактичко здружување.
Зборувајќи за резултатите, Премиерот Мануел Валс ја поздрави победата врз крајно-десничарите но предупреди дека не треба никакво опуштање и триумфализам, со оглед на резултатите на крајно-десничарите во втората рунда.
Марине Ле Пен даде позитивна нота на нејзиниот пораз, велејќи дека никој не може да го сопре партискиот моментум бидејќи доби историски висок број гласови (6.6 милиони).
Во првата рунда на регионалните избори Националниот Фронт водеше во шест од 13-те региони.
Ова се првите регионални избори по реформите, кои се намалија бројот на региони во копнена Франција од 22 на 13.
Излезноста беше за околу 10 отсто поголема отколку во првата рунда на изборите, со 58,6 отсто излезеност, според соопштението на министерството за внатрешни работи.