Nazmi Abduramani
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово, имаше средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на ДУИ, се наведува дека Ахмети и Шолендил разговарале за последните политички случувања во Македонија, начините за надминување на кризата, билатералната соработка меѓу Македонија и Турција, а размениле и мислења и за случувањата во регионот. Според соопштението, лидерот на ДУИ, Ахмети, го објасни напредокот кон постигнување на договорот па се до враќањето на Собранието и откажувањето на изборите закажани за 5-ти јуни годинава.
„Ахмети истакна дека Договорот од Скопје продолжува да функционира со полн капацитет додека Владата има за задача да ги спроведе потребните реформи од страна на меѓународната заедница и посака овој процес на договарање на реформите да биде сеопфатен", се наведува во соопштението.
Меѓу другото, лидерот на ДУИ дал оценка за позицијата на Турција кон политичката криза со која се соочува Македонија и изразил уверување дека дијалогот меѓу партиите треба да биде во однос на враќање на безбедноста и стабилноста во земјата, додека спроведените реформи треба да создадат услови за спроведување на веродостојни избори.