Ivana Ramadanova
28 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - По вечерашните инциденти, откако Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, се огласи и Министерството за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од МВР соопштуваат дека демонстрантите од иницијативата „За Заедничка Македонија“ насилно влегле во Собранието.
„Во Оперативниот штаб 20:08 часот, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, издаде наредба на припадниците на специјалната единица да применат овластување и да создадат услови за безбедна евакуација на пратениците и воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Во 20:27 часот припадниците на специјалната единица влегоа во Собранието на Република Македонија и до 20:43 часот евакуирани се 30 пратеници. Мерки се преземаат и понатаму во Собранието“, се вели во соопштението.
Инцидентите почнаа откако Џафери ја прочита свечената заклетва, со намера да даде изјава на албански јазик, а демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ влегоа во Собранието, по што настана целосен хаос.