Almir Terzic
15 Декември 2015•Ажурирај: 15 Декември 2015
САРАЕВО (АА)- Глобалните безбедносни предизвици, регионалната и билатералната соработка на БиХ и Македонија во областа на безбедноста, со посебен акцент на бегалската криза, ќе бидат темите на денешниот состанок на мнистерот на БиХ Драган Мектиќ и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, јавува Anadolu Agency (AA).
Исто така, од страна на БиХ ќе биде покрената иницијатива на заеднички и регионални проекти во областа на безбедноста, како продолжение на разговорите од недавно одржаниот Министерски форум за внатрешни работи и правда на земјите на ЕУ и Западен Балкан, одржан во Сараево.
Во среда, Мектиќ ќе се обрати на Меѓународната конференција а безбедносните последици на миграционите и бегалските текови во земјите низ кои транзитираат, организирани во рамките на македонското претседавање со Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).
Министерот за безбедност на БиХ, Мектиќ, синоќа во Скопје се состана и со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски со кој разговараше за соработката, заедничките безбедносни предизвици и унапредувањето на односите на двете земји кои се традиционално добри и без отворени прашања.