Elena Trenchevska Chekovic
19 Август 2026•Ажурирано: 19 Август 2026
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид го пречека својот чешки колега, вицепремиерот и министер за надворешни работи, Петар Мацинка, кој престојува во официјална посета на земјата, пренесува Анадолу.
Муцунски во објава на американската платформа на социјални мрежи Х истакна дека со Мацинка е разговарано за натамошното зајакнување на билатералното партнерство и политичкиот дијалог, како и за актуелните регионални и меѓународни случувања.
„Ја потврдивме важноста на тесната соработка како сојузници во НАТО и изразивме благодарност за принципиелната и доследна поддршка од Чешка за нашиот европски пат“, истакна Муцунски.
Тој посочи дека во разговорот е нагласен потенцијалот за зголемување на трговската размена, нови инвестиции и конкретна соработка во областа на транспортот, инфраструктурата, енергетиката, туризмот, земјоделството и технологијата.