Shpetim Hiseni
06 Мај 2026•Ажурирај: 06 Мај 2026
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека оваа година нема да има предвремени избори во земјата, јавува Анадолу.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговата вчерашна изјава, која подоцна беше протолкувана како најава за избори, Мицкоски рече дека 2026 година е година на реформи и консолидација.
Тој додаде дека би сакал парламентарните избори да се одржат во редовниот рок, во пролетта 2028 година.
„Некои од партиите се исплашија од оваа изјава за избори. Но мојот став го знаете, дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори, кои ќе се одржат набргу, пролетта 2028 година“, изјави Мицкоски.
Во врска со можноста изборите да се одржат во 2027 година, Мицкоски нагласи дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвена да оди на избори и да победи.
„Но она што ние сега го правиме и она што го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност и да го зголемиме стандардот на граѓаните“, рече премиерот.
Тој додаде дека тоа што споменал оти набргу може да има избори, значи дека такви се законите и оти тие се одржуваат на секои четири години.