Serdar Dincel
25 Мај 2026•Ажурирано: 25 Мај 2026
Висока иранска делегација, предводена од претседателот на Парламентот Мухамед Багер Галибаф, и министерот за надворешни работи Абас Арагчи, пристигна во главниот град на Катар, Доха, објавија денес иранските медиуми, пренесува Анадолу.
Посетата е дел од дипломатските напори предводени од Пакистан за ставање крај на тековниот конфликт меѓу Техеран и Вашингтон, објави државната новинска агенција ИРНА.
Ќе се одржат консултации со високи катарски претставници за аспектите поврзани со преговорите за ставање крај на конфликтот, јави ИРНА.
Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во февруари. Техеран возврати со напади врз Израел, како и кон сојузниците на САД во Персискиот Залив, заедно со затворањето на Ормускиот Теснец.
Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април со посредство на Пакистан, а подоцна беше продолжен од американскиот претседател Доналд Трамп на неодредено време.
Во саботата, Трамп изјави дека договорот со Иран за ставање крај на конфликтот е „во голема мера договорен“ и дека чека финализирање.